Девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесувале 4,8 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 120,5 милиони евра, соопшти Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1 проценти), по што следуваат монетарното злато (15,9 проценти) и валутите и депозитите (13 проценти).


































