Фото:Шпаркасе банка

Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и јавноста дека денеска започнува нова промотивна понуда за штеден производ – „Депозит плус“, достапен во евра и со зголемена и загарантирана каматна стапка за целиот период на орочување.

Минималниот износ на влог изнесува 100 евра, а понудата им овозможува на клиентите да изберат помеѓу два периода на орочување, во зависност од нивните преференции, и тоа:

 12 месеци со каматна стапка од 2,30%
 25 месеци со каматна стапка од 2,60%

Оваа промотивна понуда е валидна до 31 август 2025 година, овозможувајќи им на
штедачите сигурност и предвидливост, во услови на постојани финансиски промени.
Штедењето е темел на личната и на семејната финансиска стабилност. Затоа, со
„Депозит плус“ во евра, Шпаркасе Банка нуди штеден производ што е пред сè
транспарентен, со загарантирани приноси за целиот период на орочување, достапен
за секој клиент и со исклучително поволна фиксна каматна стапка. Штедењето во евра
е особено атрактивно за граѓаните што сакаат преку своите заштеди да обезбедат
стабилност во валута што е широко прифатена и користена во меѓународни трансакции.

– Нашата банка е дел од Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, која оваа година одбележува 200 години од своето основање – што е силен доказ за сигурноста, стабилноста и долгорочната визија што стои зад секој наш производ. Токму ова
наследство, заедно со поволните услови, го прави штедењето во Шпаркасе Банка не само рационална, туку и мудра одлука за сите наши клиенти – изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Зошто е важно да се биде примател на плата во Шпаркасе Банка?

Посебна предност имаат примателите на плата во Шпаркасе Банка, кои добиваат
единствена и персонализирана понуда, приспособена на нивниот профил и финансиски потенцијал.

Шпаркасе Банка е институција што не само што нуди конкурентни каматни стапки, туку на своите клиенти им овозможува сеопфатна и интегрирана банкарска услуга – од
секојдневно банкарство до штедење, кредити и инвестиции. Секој клиент добива пристап до производи и решенија креирани според неговите реални потреби и финансиски цели.

За повеќе информации, заинтересираните клиенти можат да ја посетат најблиската
експозитура на Шпаркасе Банка или да се информираат преку веб-страницата:
www.sparkasse.mk.