Компанијата „Даталаб“ организира PANTHEON конференција на тема „PANTHEON 11 – Поврзана и безбедна дигитална компанија“, в четврток од 9 часот, во хотел
„Александар Палас“ во Скопје.
Целта на конференцијата е да се претстави новата генерација на PANTHEON 11, каде што безбедноста на податоците е поставена на прво место. Еволуцијата на новата генерација на информациски системи, го менува PANTHEON 11 и станува еден од најбезбедните деловни системи.
Реномирани специјалисти од областа ќе дискутираат на следниве теми: состојбата со дигиталната трансформација во Македонија, подигање на свесноста за дигитализацијата
во различни индустрии, каде чекориме по епидемијата на ковид-19, дигитализацијата со
PANTHEON денес и визијата за иднината.
Дел од учениците на PANTHEON конференцијата ќе бидат: Сашо Јовановски, Извршен директор на Даталаб МК, Ѓорѓи Николов, Раководител на секторот за поддршка во
Даталаб МК, Никола Огненовски, Директор на сектор за маркетинг за деловни корисници во Македонски Телеком, Елена Бубало, Персонален тренер и фитнес инструктор, Илија Серафимов, Извршен директор во Серафимов груп, Анита Стаменковска, ЕРП консултант во Маранд Консалтинг, Александар Спасовски, Менаџер за продажба во Актон Комуникации и Горан Глигоровски, Бизнис Менаџер за продажба во Актон Комуникации, како и консултантите од „Даталаб МК“.
Целосната програма на конференцијата можете да ја погледнете на следниот линк.
Пријавувањето за учество на конференцијата e можно до среда (11 мај).
„Даталаб“ e компанија која се занимава со развој на деловна програмска опрема, обука и поддршка на системските партнери. Составена е од тим на стручњаци од различни области со големо знаење и искуство во решавање на прашањата и проблемите, кои настануваат при употребата на модерната технологија. Од 2004 година компанијата на корпоративно ниво почна да организира PANTHEON конференции, кои досега ги имаат
посетено повеќе од 5000 учесници во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Комерцијална објава