За неполни две години од неговото лансирање, новиот C3 веќе достигна 400.000 продадени возила, вклучувајќи 160.000 од почетокот на годината, со што ова возило е најпродаваното од Citroën.
Во Европа, се бележи пораст на бројот на нарачки од 12% само во првото полугодие, со што новиот C3 се вбројува во листата на ТОП 5 од својот сегмент.
Третата генерација од ова повеќенаменско градско возило од Citroën, ужива голем успех, со зголемување на продажбата за 12% во Европа само во првата половина од 2018 година, со што новиот C3 се вбројува во ТОП 5 од својот сегмент.
Најпродаваното возило од гамата на Citroën, новиот C3 е прво возило кое придонесува за новата продажна офанзива на компанијата: во првото полугодие од 2018 година, меѓународната продажба на Citroën забележа зголемување од 9% (во споредба со првата половина од 2017 година) со најголем удел во Европа за овие 7 години.
Заводливата моќ на Citroën C3 е илустрирана со богат производствен микс коj го прави ова возило најпримамливото возило за купувачите:
-околу 40% од нарачките се со највисокото ниво на опремeност (3-то ниво Shine)
-над 65% од продадените возила се со опцијата bi-ton
-над 55% од продадените возила се со Airbump®
-речиси 25% од продадените возила се со избрана боја на внатрешноста на возилото