Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад(РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.12.2025 година. Така, од вечер на полноќ максималните цени на дизелот и бензините остануваат исти, а намалување од 1,089 ден/лит ќе има на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,559%, кај дизелот има намалување за 2,715%, кај екстра лесното масло за 0,766% и кај мазутот намалувањето е за 4,528%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2743%
Од 13.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 75,00 (денари/литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 95; 77,00 (денари/литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 98; 68,50 (денари/литар) на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V); 66,50 (денари/литар) на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и 32,883 (денари/килограм) на Мазут М-1 НС.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.12.2025 година, додека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

































