Царинската управа во февруари наплатила вкупно 10,8 милијарди денари, што претставува зголемување од 778,3 милиони денари или 7,7 проценти во однос на истиот период претходно, информираше управата на социјалните мрежи.
Според податоците, раст е забележан по сите основи на наплата. Приходите од царина се зголемени за 8,9 проценти, од акциза за 8 проценти, а од данокот на додадена вредност при увоз за 3,9 проценти.
Од Царинската управа посочуваат дека ваквите резултати значат повеќе средства во буџетот, кои ќе бидат насочени кон јавни добра и проекти од значење за граѓаните, меѓу кои здравството, образованието и патната инфраструктура, со цел поддршка на економскиот раст.
































