Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, оператор на двата рудници „Злетово“ и „Тораница“, поради зголемување на производството бара нови работници. Со оглед на континуираната потреба од свеж кадар во компанијата, огласот ќе остане активен во текот на целата година.
Потребни се:
- рударски работници,
- машинобравари и
- електричари.
Компанијата за сите вработени обезбедува превоз и топол или ладен оброк, а секој вработен добива и соодветна заштитна опрема. Работата се изведува во три смени (07:00 – 15:00; 15:00 – 23:00; 23:00 – 07:00), а трудот во ноќна смена, недела и празници се плаќа согласно законската регулатива. За новите кадри се предвидени обуки и можности за унапредување, со што компанијата настојува за своите вработени да обезбеди не само сигурност на работното место, туку и професионален развој.
Заинтересираните кандидати може да достават пријава на е-пошта [email protected] или лично во управната зграда на компанијата во Пробиштип, на улица „Јаким Стојковски“ бр. 2. За дополнителни информации на располагање е и телефонскиот број 032/441-300.
„Булмак 2016“ ДООЕЛ е дел од бугарската групација „Минстрој Холдинг“ и ги управува двата рудници за оловно-цинкова руда во земјата, „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Со повеќе од 700 вработени, компанијата е еден од најзначајните работодавачи во источниот регион.
Годишното производство во рудниците под управување на „Булмак 2016“ изнесува над 600.000 тони руда, што значително придонесува за извозот на олово и цинк од Македонија. Рудникот „Злетово“ е воедно и најстариот рудник во земјата, со долгогодишна традиција која претставува дел од индустриското и културното наследство на регионот.
Рудниците претставуваат столб на локалната економија и важен извор на приходи за општините, а компанијата активно инвестира во заштита на животната средина и во подобрување на условите за своите вработени.