Биткоинот денеска благо поскапе, но инвеститорите сè уште не можат да закрепнат од значителните загуби во последните неколку дена, кога најпопуларната криптовалута во светот падна под 20.000 долари.
Во тргувањето во 3 часот и 40 минути по источноамериканско време, цената на биткоинот беше околу 21.667,9 долари, што е зголемување за речиси три отсто во однос на претходниот ден, покажуваат податоците на „Коиндеск“.
Сепак, вредноста на биткоинот е сè уште на нивоа што не се забележани од декември 2020 година. Биткоинот изгуби околу 27 отсто од својата вредност во последните седум дена и падна за речиси 70 отсто во споредба со рекордното ниво од ноември минатата година.
Другите криптовалути, вклучувајќи го и етерот, исто така благо зајакнаа во последните 24 часа.