Пазарот на биткоин влезе во неговата „најмрачна“ фаза, во која под притисок потпаѓаат и најиздржливите сопственици на криптовалути, што успеаја да ги пребродат претходните кризи, пишува „Блумберг“. Ова го тврдат стратезите во „Гласноуд“ кои ја следат просечната цена на купување на сите биткоини во циркулација.
Криптовалутата моментно се тргува за отприлика илјада долари помалку во однос на пазарната вредност од 23.430 долари. А биткоин вчера забележа пад до 5,2 отсто, доаѓајќи на сума од 20.833 долари во Лондон.
– Сегашниот пазар во опаѓање влегува во фаза порамнета со најмрачните фази на претходните падови. Дури и најдолгорочните сопственици на криптовалути сега излегуваат од пазарот – велат стратезите.
Оние задолжени за следење на пазарот се преокупирани со дознавање на одговорот на прашањето кои инвеститори се најпогодени во текот на т.н. крипто-зима. Откако вредноста на биткоин се движи околу оние од падот во декември 2020 година, тонат многумина што од неодамна се присутни на пазарот. Се следат и активностите на биткоин-копачите, чии бизниси се под притисок поради високите трошоци за електрична енергија и трошоците, за потенцијални знаци на откажување, што би можело исто така да влијае на цените на криптовалутите.
„Фајненшл тајмс“ известува дека бројни компани што тргуваат со дигитални валути отпуштаат стотици вработени поради кризата, додека криптокопачите го намалуваат обемот на работа.
Салвадор со насмевка се пробива низ крипто-зимата, верувајќи во биткоинот
Инвеститорите во дигиталните валути делумно се исплашени и од постапките на „Целзиус нетворк“, која го ограничи тргувањето, „замрзнувајќи“ ги повлекувањата и трансферите поради екстремните услови на пазарот.
Ударот на „Целзиус“ врз биткоинот сериозно ја разниша крипто-куќата од карти
Биткоин забележа пад од преку 30 отсто во текот на месецов. Вчерашниот пад го означува деветтиот последователен ден на загуби на пазарот.