Економијата забележа раст во последниот квартал од минатата година. Според податоците на Државен завод за статистика, бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година е повисок за 3,8 проценти во споредба со истиот период во 2024 година.
Најизразен пораст е регистриран во секторот Градежништво, каде активноста е зголемена за 14,6 проценти. Раст е забележан и кај Стручните, научни и технички дејности, како и во Административните и помошните услужни дејности, со зголемување од 8,1 процент.
Финалната потрошувачка во овој период номинално се зголемила за 6,4 проценти и има удел од 77,9 проценти во вкупната структура на БДП.
Бруто-инвестициите исто така бележат раст од 5,0 проценти на номинална основа, пред сè поради поголеми вложувања во основни средства.
Сезонски и календарски прилагодените податоци покажуваат дека економскиот раст во четвртиот квартал од 2025 година, споредено со истиот квартал од 2024 година, изнесува 3,4 проценти.
































