Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Македонија, Србија и од Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува „Јуроњуз Албанија“.
Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата „Отворен Балкан“ и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени.
Се додава дека Албанија во оваа одлука го вклучила Косово, иако не е дел од „Отворен Балкан“, врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери.
Нема да се наплаќаат такси за паркирање возила, печатирање и мерење на стока, па трошокот за камион што ќе влезе со стока во Албанија ќе биде за околу 14 евра помалку од досега.