Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17 октомври.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.
Од 26 октомври од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 68,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,377 (денари/килограм