Барањата на текстилниот кластер се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, прашана во однос на барањата од текстилната индустрија за субвенции за придонеси.
Таа појасни дека на 1 мај заедно со Организацијата на работодавачи била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и дека тие како организација се согласиле и стојат на тоа.
– Текстилниот кластер, кои се само еден дел од Организацијата на работодавачи излегоа на прес-конференција. Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот – рече Царовска