Царинската управа на Република Македонија со најавените измени на Законот за банки, ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице, кое има одреден царински долг.
Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски појасни дека досега постапката се вршела преку УЈП, бидејќи немало законски основ да побараат блокирање на сметката директно во банка.
– Со измените што се бараат во Законот за банки Царинската управа не бара увид во трансикциските сметки на физичките лица, туку едноставно Царинската управа бара да постапи согласно својата надлежност според Царинскиот закон да изврши присилна наплата кон физички лица кои имаат одреден долг кон царинската права – изјави денеска Танасоски.
Тој додаде дека и досега процесуирале барања до банките, но оти добивале одговор дека нема законски основ по кој може да се изврши блокирање на сметката на физичкото лице.
– Царинската управа не бара да има увид во трансакциската сметка на граѓаните, туку она што досега го правеше преку УЈП да врши блокирање на сметката, односно наплата на царинските давачки да го прави самата-појасни директорот.
Во моментов според податоците на Царината има околу 100 физички лица со царински долг од два милиони денари за кои би требало да се побара од банките блокирање на трансакциските сметки.