Управата за јавни приходи информира дека од први јули годинава, кога започна реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ преку Гугл плеј стор и Ејпл стор ја презеле над 140.000 граѓани.
Заклучно со 15 јули скенирани се вкупно 2.993.788 фискални сметки, остварен е промет од 1.572.173.704 денари, а повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 25.368.380 денари.
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.
УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката како и од ефектите коишто се во насока на намалување на сивата економија.
Во Управата за јавни приходи граѓаните пријавуваат нерегуларности и сѐ почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки.