Кај истражувањето на проблемите за кризите, потребно е да се имаат предвид не само однесувањето на големите фирми туку и реакциите кон фазите на бизнисот од страна на „ситните играчи“, кои имаат влијание на пазарот. Значење имаат не само односите меѓу гранките на производството и меѓурегионалните врски туку и трансформацијата на работната сила од една специјализација во друга, промените во структурата на капиталот и брзината на обртот на функционалниот капитал
Економските кризи не само што го отежнуваат функционирањето на стопанските субјекти од аспект на економскиот опстанок и развој, туку создаваат специфични проблеми за оние што ги управуваат фирмите. Овде под фирма се подразбира секоја организација што произведува за пазарот и учествува во него, вклучувајќи ги и индивидуалните производители. Кај истражувањето на проблемите за кризите, потребно е да се имаат предвид не само однесувањето на големите фирми туку и реакциите кон фазите на бизнисот од страна на „ситните играчи“, кои имаат влијание на пазарот. Значење имаат не само односите меѓу гранките на производството и меѓурегионалните врски туку и трансформацијата на работната сила од една специјализација во друга, промените во структурата на капиталот и брзината на обртот на функционалниот капитал. За подолг период се важни динамиката и односите помеѓу цените, промените во структурата на крајната побарувачка, како и извозот и увозот и валутните курсеви. Од гледна точка на субјективниот фактор, важни се промените во вкусовите на потрошувачите и предностите што ги даваат потрошувачките не само на крајниот туку и на меѓуфазните производи. Од друга страна, промената на технологиите треба да се разгледува не само во однос на продуктивноста на трудот и намалување на цената на чинење туку и од гледна точка на подобрувањето на условите на трудот и квалификацијата на работната сила.
Една од важните специфичности на земјоделството е дека тоа има големо значење, не само како извор на работа и исхрана на населението и како сигурен снабдувач со суровини за поврзани со него гранки на производство, туку и за развој на селскиот туризам и туризмот воопшто, особено во реони каде што не недостигаат социјални, демографски и други фактори на производството за неопходен пристап до работна сила и каде што има траен вишок на работна сила.
Важен сегмент на особеностите на производните единици во земјоделството во многу земји е дека локалните пазари зависат од откупувачите и преработувачите на земјоделските производи. Тоа се должи на фактот дека повеќето земјоделци се во услови на полна конкуренција меѓу себе и не можат да имаат монополска позиција во однос на пазарите на готови производи. Тогаш кога земјоделците се систематски објект на измами од нивните клиенти се случуваат или одлив на работна сила и капитал или масовни земјоделски протести, кои имаат влијание на националните и на транснационалните институции за управување и контрола на земјоделството.
Според изворите, економските кризи претходно биле кај ефективноста на капиталот, а современите економски кризи се совпаѓаат со демографски и еколошки кризи. Имајќи ја предвид глобализацијата на општествените процеси, управувањето на земјоделството треба да се разгледува на четири нивоа – наднационално, национално, регионално и микрониво односно, кај фирми и кооперативи (задруги).
Наднационалното ниво е потребно заради уредување не само на односите во размената во земјоделството помеѓу одделни држави туку и заради решавање проблеми поврзани со глобалното затоплување, поплавите, сушите и другите влијанија (природни) од транснационална природа, против кои одделните држави не можат сами да се борат зашто е потребна меѓународна координација.
На национално ниво треба да се решаваат и дел од проблемите поврзани со загадувањето на животната средина, некои специфични проблеми што се однесуваат на аграрните кризи и стабилноста на пласманот на производството, плаќањата на земјоделците кај сушни години, како и даночната политика во земјоделството. Тогаш кога во даночната политика доминираат фискални функции, треба внимателно да се постапува кон земјоделските производители, имајќи ја предвид големата зависност од природата и тешкотиите за зголемено производство на живиот капитал.
На национално и меѓународно ниво се решаваат и такви проблеми како што е квалитетот и стандардизацијата на производството и нивната здравствена безбедност. Една од функциите на современите развиени држави меѓутоа е сега и останува во иднина заштита на националните пазари на земјоделските производи од дампинг кај увозот и од нелојална конкуренција, како и дозвола за увоз со оглед на социјално-економско задоволување на потребите на граѓаните и намалување на вредноста на работната сила.
На ниво на фарма се решаваат како проблемите на инвестициите во одделни стопанства така и прашањата за заштитениот асортиман на производите, преселување на капиталот од земјоделството во други дејности и комбинација помеѓу земјоделството и туризмот, трговијата и други дејности.
Тука се важни градењето патишта и развојот на комуникациите. Тоа не само што ги отвара пазарите за и од земјоделско стопанство, туку овозможува земјоделците да бидат подобро информирани за нови технологии, промени во побарувачка на производите и сл.
На крајот можат да се направат неколку основни изводи и тоа:
– проблемот за кризите во стопанството не е само економски и социјален туку и во управувањето;
– во иднина ќе биде уште поголема децентрализација на процесот на носење решенија, кога се зголемува довербата помеѓу управувачите и управуваните;
– ќе се зголеми користењето на интелектуалниот капитал на вработените и на непосредните односи меѓу фирмите;
– светските економски кризи започнувале како класично економски;
– некои кризи на глобално ниво се често не само економски туку повеќе политички.