Се очекува турската Централна банка утре да ги зголеми каматните стапки, како уште една мерка за запирање на монетарната криза што ја зафати земјата.
Лирата загуби 40 проценти од вредноста во однос доларот од почетокот на годината, а инфлацијата во август достигна највисоко ниво во изминатите 15 години.
Поради тоа банката најави дека ќе преземе акција за да ги сузбие „значителните ризици за ценовната стабилност“ во пресрет на утрешната средба.
Поради кризата, економскиот раст на Турција забави на 5,2 проценти од БДП во вториот квартал на годината.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сепак, повеќе пати бараше од банката да ги држи каматните стапки ниски, велејќи дека „каматите се извор на секое зло“.