Традиционално шеста година по ред „Еуролинк осигурување“ ја организира добропознатата туристичка прошетка, насловена како „Мапа на културата“, чија цел е афирмирање и негување на македонската култура и уметност.
Во изминативе години ги слушнавме тајните преданија и ги запознавме убавините на културните и археолошките локалитети Стоби, Хераклеја, Битола, Бигорскиот манастир, Лесновскиот манастир, Галичник, Вевчани.
Овојпат целта на туристичката прошетка е највисокиот град на Балканот лоциран на 1250 метри надморска височина познат по автентичната македонска архитектура, по Илинденското востание, по Крушевската Република, преубавото Крушево. Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините и да ги слушнат преданијата за ова историско место.
Сите заинтересирани граѓани може да се пријават од денес до 17 септември на следната електронска адреса:[email protected], со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Селекцијата на избраните учесници ја врши „Еуролинк осигурување“.
„Еуролинк осигурување“ ги покрива сите трошоци за организација на настанот.
Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 21 септември, со поаѓање во 08 часот, на паркингот кај Дрво декор.
Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“.