Белгиските власти информираат дека бројот на странски туристи кои ја посетуваат земјата се искачил на нивото на кое беше пред исламистичките напади во 2016 година.
Во текот на 2017 година имало вкупно 38,7 милиони ноќевања, што е за пет проценти повисоко од ноќевањата во 2015 година, пред нападите.
Туризмот во главниот град Брисел, сепак, сè уште заостанува зад нивото од 2015 година. Во 2016 година бројот на ноќевања во престолнината на Европската Унија паднал за околу една четвртина. Во 2017 година бројот се искачил за 22 проценти, но сè уште е под нивото во 2015 година.