Трговската размена помеѓу Германија и Македонија во 2020 година бележи пад од 15 отсо во однос на 2019 година, информираат од Делегацијата на германското стопанство.
Според нивните анализи, извозот на нашата држава кон Германија во 2019 изнесувал 3,2 милијарди евра, додека во 2020 тој изнесувал 2,8 милијарди евра, односно е намален за 13,3 отсто.
Увозот од Германија во Македонија во 2019 бил во висина од 1,3 милијарди евра, а во 2020 тој изнесувал една милијарда евра и бележи пад во висина од 18 отсто, стои во информацијата.
– Работиме на нашето портфолио на услуги и сакаме како за германските инвеститори, така и за компаниите добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово да бидеме Оне Стоп Шоп – информираат од делегацијата на германското стопанство.