Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази увереност дека Кина ќе ги отстрани трговските бариери и ќе биде постигнат договор меѓу двете земји, за да се избегне трговска војна.
– Кина ќе ги отстрани трговските бариери, затоа што тоа е вистинското решение. Царините ќе станат реципрочни и ќе биде постигнат договор за интелектуалната сопственост. Голема иднина за двете земји – напиша Трамп на Твитер.
Од неговата порака не може да се забележи врз што го темели оптимизмот во врска со трговскиот конфликт со Кина.
Трамп истакнува дека тој и претседателот на Кина, Си Џинпинг секогаш ќе бидат пријатели „без разлика што се случува со спорот во трговијата“.