Компанијата „Тетра Тек“ (Tetra Tech) преку Агенцијата за меѓународен развој на САД
(УСАИД) спроведува проект со цел промовирање на употреба на системи за управување со енергијата (ЕМС) за сопственици на јавни, приватни или деловни згради на Балканот, со цел намалување на потрошувачката на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и оптимизирање на произвоидните процеси.

Како дел од проектот, „Тетра Тек“ објавува оглас за избор на сопственици на јавни,
приватни или деловни згради и индустрии заинтересирани за подобрување на нивните
практики за управување со енергијата, конкретно преку примена на ЕМС.
Избраните партнери ќе имаат пристап до најновата американска технологија за
управување со енергијата и ќе имаат корист преку следната поддршка:

  •  Систем за управување со енергијата: Партнерите ќе добијат финансиска
    поддршка од УСАИД за делумно да ги покријат трошоците за дизајнирање,
    инсталација и пуштање во работа на нов ЕМС обезбеден од водечки американски
    производител.
  • Поддршка после продажбата: ЕМС може да склучи договор за одржување кој
    опфаќа резервни делови и работна сила за да го одржи ЕМС во оптимална
    состојба.
  •  Обука: Партнерите ќе бидат обучени за работењето и користењето на нивниот
    ЕМС за подобро разбирање, следење и оптимизирање на потрошувачката на
    енергија за ефикасност и заштеда на трошоците.

„Тетра Тек“ ги поканува заинтересираните сопственици на згради и индустриски
капацитети да аплицираат на горенаведениот оглас. Сите заинтересирани за
дополнителни информации и можно учество во оваа програма, можат да се јават на „[email protected]“ до 30 декември 2019 година.

Партнерите што ќе бидат избрани треба да имаат потенцијал за заштеда на енергија, да немаат имплементирано постоечки ЕМС и треба да се обврзат дека ќе набават и користат ЕМС со намален трошок. Оваа програма ќе започне во почетокот на 2020
година со технички посети и избор на партнери.