На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој, соопшти Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Како што рече, остранети се пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.
– Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите. Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите – изјави Талески.
Пратеникот им порача на тутунарите да бидат спокојни, бидејќи субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено.