Вкупно 8.000 фирми досега од државата побарале субвенции за да може да исплаќаат поголеми плати за 45 илјади вработени, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.
Според Лукаревска, 1.300 работодавци за 47.000 вработени сѐ уште не го оствариле ова право од технички причини. За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а колку ќе добијат за декември ќе се знае до крајот на годината.
Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари. Работодавците што ќе им ја зголемат платата на вработените ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Субвенционирањето е дел од мерките за економски развој и за задржување на вработените во земјата.