Во борбата против ковид-19 повеќе од кога било претходно, клиентите сакаат да ги користат нашите дигитални услуги за брзо, лесно и безбедно да управуваат со своите финансии.
Затоа, Банката направи продолжување до 15.06.2020 година на можноста за реализирање денарски трансакции од физичките лица БЕЗ ПРОВИЗИИ преку дигиталното банкарство (e-banking, m-banking, телефонско банкарство), при што опфатени се интерни и налози кон други банки (МИПС и КИБС).
Како и досега, апликацијата, токенот и добивањето кориснички пристап се бесплатни за нашите клиенти.
Доколку сте ја заборавиле лозинката за најава, истата можете да ја обновите преку
[email protected] или на (02)3100 109 во секое време од денот (24/7).
Бидете здрави, чувајте се и управувајте со вашите финансии брзо, лесно, безбедно и 24/7 од комоцијата на вашиот дом.
Детални информации и инструкции за користење на услугите се достапни на нашата веб страница: e-banking m-banking