Акцелераторот УКИМ го објави повикот за акцелераторска програма (BAU APA2021) за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании што се подготвени да го освојат глобалниот пазар. Програмата ќе генерира ново знаење и ќе ги претвори иновативните решенија на стартапите во профитабилни бизниси. Поднесувањето на апликацијата е најдоцна до 12 септември.
Разговаравме со Кејт Ипел, од Спринг активаторот од Ванкувер, Канада, ментор на акцелераторската програма BAU APA2021 на Акцелераторот УКИМ на темата „Продажба, маркетинг и ценовна политика“.
Преку обука, менторство и пристап до контактите што ги има воспоставено Акцелераторот на УКИМ, стартапот може да расте побрзо, да ги зголеми приходите, да пристапи до нови пазари и да ја добие потребната помош за да успее
Кејт Ипел, од Спринг активаторот, ментор на Акцелераторската програма на УКИМ
Која ќе биде вашата улога во акцелераторската програма BAU APA2021 и која беше вашата мотивација да се вклучите?
– Мојот фокус во програмата е поддршка на стартапите во развивање на нивните стратегии за продажба, маркетинг и утврдување на цените. Возбуден сум што ќе се приклучам на програмата бидејќи сега е можноста да се развие живописен иновативен екосистем во вашата држава, поттикнат од стартапи и капитал со висок раст. https://accelerator.ukim.mk/APA2021
Зошто се важни овие акцелераторски програми и кои се бенефициите од нив за стартап-компаниите?
– Акцелераторските програми се клучни за да им помогнат на стартапите да го отклучат растот. Преку обука, менторство и пристап до контактите што ги има воспоставено Акцелераторот УКИМ, стартапот може да расте побрзо, да ги зголеми приходите, да пристапи до нови пазари и да ја добие потребната помош за да успее.
Можете ли да споделите со нас некои остварувања и успеси на Спринг активаторот од соработка со стартапи?
– Досега поддржавме повеќе од 1.500 основачи и над 500 бизниси и им помогнавме на компаниите да соберат повеќе од 28 милиони американски долари во капитал во рана фаза. Работевме во повеќе од 45 заедници низ целиот свет.
Кои се трендовите сега во развиените стартап-екосистеми и како може тие да бидат корисни за екосистеми во развој, каков што е македонскиот?
– Иновативните екосистеми се способни да ги поддржат компаниите од идеја до раст, со пристап до поддршка, обука, менторство и капитал во секоја голема фаза од развојот. Северна Македонија има можност да го забрза овој процес со поддршка на сегашната генерација на стартапи и да ги постави основите за идните стартапи и компании.
Зошто стартапите треба да бидат дел од BAU APA2021?
– Акцелераторската програмата на Акцелераторот УКИМ е клучен чекор за раст, бидејќи стартапите излегуваат од кризата и растот на ковид, се прошируваат на нови пазари и обезбедуваат соодветно финансирање за да го поттикнат овој раст.
Од Акцелераторот УКИМ посочуваат дека бараат посветен тим од најмалку двајца членови со иновативна идеја и глобална визија за раст, со професионално искуство до пет години, со минимум 51 отсто македонска сопственост и со дефинирана интелектуална сопственост, кои се заинтересирани за тренинг од глобални експерти, искуство од успешни стартапи, професионално менторство, мрежа на контакти, можност за инвестирање од БАУ до 100.000 евра и постојана поддршка.