Премиерот Заев го отвори самитот на „Економист“
Западниот Балкан во пост-ковид светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет? е темата на самитот за Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“.
Самитот го отвори премиерот Зоран Заев и зборувајќи за идните чекори до повисок раст на економиите, за реформите и нивно спроведување, за конкурентноста, социјалната кохезија, финансиските системи, бизнис партнерствата и сето тоа во контекст на нашиот заеднички пат и визија кон ЕУ.
На самитот на „Економист” во Атина, што се одржа во јули оваа година, ја истакнав важноста од економски просперитетен Балкан на 21-от век, интегриран во Европската Унија. Тоа се постигнува исклучиво со заедничка соработка со државите од регионот, Европската Унија, САД и сите пријателски држави, со посветена работа и верба во подобра иднина. Заев истакна оти е горд што Македонија постигна договор со Грција и што денес сме членки на НАТО.
– Тоа значи сигурност и безбедност, како и можност за економски развој, инвестиции и економски просперитет. Нашата држава ги исполни сите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од страна на Европската Комисија. Се заблагодарувам на сите држави членки на ЕУ кои ни ја даваат безрезервната поддршка во овој процес, а посебна благодарност за премиерот на Грција за поддршката особено во последните неколку месеци, и за континуираната поддршка на САД – рече Заев.
На самитот, истакна Заев, ќе се разговара за теми коишто ја засегаат Македонија, Западен Балкан, како и светот, особено кога станува збор за економски напредок во пост-ковид периодот, стабилност, подобар стандард и економски развој.
– Ќе ги слушнеме очекувањата за ЕУ и Западен Балкан и што ќе имаме можност да разговараме за предизвиците во пост-ковид економијата со кои сите ние се соочуваме. Важно е и да слушнеме за безбедносните предизвици и контекстот на безбедносната политика, како и приоритетите на САД за Западен Балкан – истакна премиерот.
Тој повтори дека Владата посветено работи на економскиот развој на државата, на отворање нови и подобри платени работни места, преку нови вложувања од нов карактер и фер пазарни услови за инвестирање, како за домашните, така и за странските инвеститори.
– Нашите заложби за креирање предвидлив деловен амбиент, воспоставување на механизми за владеење на правото, водење на стабилни економски политики и креирање поволни услови за инвестирање, се веќе потврдени – истакна Заев.
Косовскиот премиер Албин Курти рече дека е важна заедничката соработка во регионот, и јакнење на институциите, ослободени од криминал и корупција. За тоа, рече, Курти, потребни се функционални реформи и владеење на правото.
Тој истакна и дека е важен и социјалниот и економскиот напредк во регионот, и тој како социјалдемократ, верува во фер економија со еднакви можности за мажите и жените.