Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како акционерско друштво со посебни обврски за известување, информира за спроведени промени во органите на банката.
Собранието на акционери на банката го именуваше д-р Георг Бухер за член на
Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за што е добиена
претходна согласност од Гувернерот на НБРСМ.
Д-р Георг Бухер, кој поседува богато професионално искуство во областа на
банкарството, е член на Управниот одбор на „Штаермеркише Банк унд
Шпаркасен АГ Грац“ од 2004 година и, меѓу другото, надлежен е за Стратегија и
деловен развој во ЈИЕ.