Целосна електрификација!
Електричната револуција за професионалците започна: брендот „Пежо“ сега нуди гама од 100% електрични комерцијални возила. Електричните комерцијални возила на „Пежо“ задржуваат 100% од функционалноста на конвенционалните дизел верзии, но генерираат нула бучава, нула вибрации, нула емисии и нула мирис на гориво. Ова е доволно за радикално да се промени животот на корисниците и нивната околина.
Со оваа комплетна палета од 100% електрични комерцијални возила, еден од првите на пазарот, „Пежо“ се стреми да биде лидер во продажбата на целосно електрични комерцијални возила во Европа до 2022 година.
Целта е да се понуди ново ниво на спокојство на професионалците и да се намалат традиционалните форми на загадување, во време кога актуелните општествени трендови бараат сè повеќе и повеќе комерцијални возила во урбаните средини.
„Пежо“ ќе испорача 4.000 електрични возила во Европа до 2021 година, а веќе има резервирани нарачки од 10.000 возила.
За дополнително да ја подигне свеста за својата електрична понуда и нејзините придобивки кај професионалците, „Пежо“ наскоро ќе ја претстави новата посветена рекламна кампања низ целиот континент, која ќе биде лансирана во ноември.
Сто отсто електрични возила: целата гама на „Пежо“ на комерцијални возила сега стана електрична, со пристигнувањето на комерцијалното возило „е-Партнер“ и големото електрично комерцијално возило „е-Боксер“ оваа есен. Тие се придружуваат на комерцијалното возило „е-Експерт“ лансирано минатата година и наградено со наградата „Интернационално комерцијално возило за 2021“.
Уникатна карактеристика на сите електрични комерцијални возила на „Пежо“ е тоа што тие не прават компромиси во однос на корисен волумен или практичност во споредба со дизел верзиите, а истовремено ги нудат сите предности на електричниот мотор: пониски трошоци, леснотија на возење, брз пренос, висок вртежен момент, целосно отсуство на бучава, вибрации, мириси на гориво и емисии. Експертите му ја доделија титулата комерцијално возило на годината на сосема новиот „Пежо е-Партнер“ во Велика Британија откако „WhatCar и Van & Commercial Vehicle of the Year Award“ ги наградија трите возила на брендот, „ПАРТНЕР“, „ЕКСПЕРТ“ и „БОКСЕР“, за нивната практичност во нивните соодветни категории.
Покрај овие 100% електрични возила, „Пежо“ ќе започне и со производство на своето прво електрично комерцијално возило со горивни ќелии, „е-Експерт Хидроген“, пред крајот на годината. Со ова, брендот ќе ја прошири својата понуда на најнапредните технологии за електрификација.
– Најавивме и ја исполнивме обврската за палета на 100% целосно електрифицирани комерцијални возила возила до крајот на 2021 година, што „Стелантис“ е првиот што го направи тоа. За да одговориме на другите потреби на клиентите, ќе понудиме „водородна горивна ќелија“ на нашето комерцијално возило во наредните недели, што ја покажува нашата постојана посветеност на иновациите – нагласува Савиер, извршен директор на деловната единица на комерцијални возила на Групацијата „Стелантис“.
Во следните недели, „Пежо“ ќе започне голема меѓународна комуникациска кампања во чест на претприемачите и занаетчиите. Тие ќе бидат прикажани во мини филм, кој ги претставува во еден среќен и спокоен работен ден, пропратен со трите електрични комерцијални возила на „Пежо“ со нула емисија: „е-ПАРТНЕР“, „е-ЕКСПЕРТ“ и „е-БОКСЕР“.
Меѓународната кампања ќе го носи новиот потпис „For the Day Ahead” на кампањата за комерцијални возила на „Пежо профешнл“ и ќе се базира на видео кое ги прикажува логоата на компаниите на корисниците на електрични комерцијални возила на „Пежо“ во градскиот реон. Кампањата ќе биде придружена со дигитално рекламирање, како и печатени материјали, а првично ќе биде лансирана во Швајцарија, Холандија и Обединетото Кралство.
– „Пежо“ е посветен да биде водечки играч во промената и трансформацијата на деловниот сектор со целосно електричните комерцијални возила. Очигледно, трошоците за користење се многу силен аргумент за корисниците, но ние исто така покажуваме дека електричните комерцијални возила се задоволство за возење: за нивниот возач, кој е отворен за ново, спокојно возачко искуство, и за сите околу нив, кои имаат корист од мирна средина, без бучава и мирис на гориво – изјави Линда Џексон извршен директор на брендот „Пежо“.