На авионот на првиот лет на најдолгата комерцијална линија од Сингапур до Њујорк му требаа 17 часа и 52 минути пред успешното слетување денеска, јави Би-Би-Си.
Авионот прелета повеќе од 15.000 километри.
Сингапур Ерлајнс повторно ја воспостави линијата кон Њујорк по пет години, откако претходно ја укина заради неисплатливост.
Авионот слета во 5:29 часот по источноамериканско време со 150 патници и 17 членови на екипажот.