Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на Министерот за економија Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане да важи Законот за трговија на зелените пазари.
-По средбите и дискусиите со трговците на зелените пазари, одлучивме да побараме овој закон да престане да важи. После Нова Година заедно со засегнатите страни ќе почнеме постапка за изработка на ново прифатливо законско решение – рече Бектеши.
По носењето на законот со кој се предвидуваше пазарџиите да платат лиценци за работа на зелените пазари, трговците преку протести извршија притисок и овој закон беше ставен во мирување до јануари 2020 година.