Се очекува прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор со цел да се вбризгаат буџетски средства во енергетските компании, на денешната владина седница. Ова претходно го најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Владата минатиот месец донесе уредба за прогласување кризна состојба при недостиг на електрична енергија, поради нејзино усогласување со одредбите на Законот за енергетика, според Министерството за економија. Прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор неодамна побара и бизнис-заедницата.