Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, на „евродизел“ (Д-Е В) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 28 декември 2020 година.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 0,5 денари/литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,062 денари/кг во однос на одлуката од 28 декември 2020 година.
Од 5 јануари, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 61 (денар/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 62,5 (денара/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е В) – 53 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,5 (денара/литар)
– мазут М-1 НС – 28,763 (денари/килограм)