Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто во однос на одлуката од 25 октомври.
Малопродажните цени на бензините еуросупер Р БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,5 денари/литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е В) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,5 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25 октомври.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.
Од 2 ноември од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 77 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС – 98 79 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е В) 68 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,135 (денари/килограм)