Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,5 ден/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 4 октомври.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,63 денар/килограм и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден/кг.
Од 13 октомври, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 77,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 67,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,761 (денари/килограм)