Во пресрет на утрешниот разник на рударите, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, денеска оствари работна посета на РЕК „Осломеј“ во Кичево. Ковачевски ја посети локацијата на која што треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ.

Подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигаат потребните материјали.

Реализацијата на овoј исклучително значаен проект за државните електрани продолжува и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата и политичките случувања во земјата.

Според развојната стратегија на АД ЕСМ на површини во рудникот на РЕК Осломеј, предвидена е изградба на две фотоволтаични централи. Ист таков капацитет од обновливи извори на енергија ќе се гради и во РЕК „Битола“. М.М.