Москва ќе го намали бројот на американските хартии од вредност кои ги поседува, како одговор на новите санкции воведени од САД, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.
– Русија сè повеќе ќе ја користи рубљата и други валути, вклучувајќи го и еврото, наместо американските долари во своите тргувања – истакна Силуанов.
САД воведоа нови санкции против Русија поради нејзината наводна одговорност за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипаљ и негобата ќерка Јулија во британскиот град Солзбери.