Од денес во вечерните часови РЕК„ Осломеј“ влегува во погон и ќе биде активен во наредните 30-ина дена. За истиот период ќе биде исклучен еден од блоковите на РЕК „Битола“. Во Осломеј завршени се сите подготовки за активирање на ТЕЦ-от, обезбедени се доволни колчичества на јаглен и до крајот на овој месец осломејската електрана ќе работи со полн капацитет.
– По неколкумесечна пауза вечерва во Електроенергентскиот систем на Македонија влегува и РЕК Осломеј и ќе работи во наредните 30-ина дена. За потребите на електраната обезбедени се доволни количества на јаглен, кои се моментално на депонија и кои ќе обезбедат непречена работа на ТЕЦ-от. Овие количества на јаглен се обезбедени од повеќе делови на површинскиот коп и според наша проценка се доволни за непречена работа на електраната, сѐ додека не се стави во погон третиот блок од битолската електрана – информираа од РЕК Осломеј.
Зоран Антоски, Кичево