Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Рак“, „Лав“ и „Девица“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Цената на кованите пари што се изработени од сребро Ар 925 со тежина од 23,30 грама, изнесува 2.800 денари, информира НБРМ.
На аверсот на кованата пара „Рак“ во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Рак. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на рак од ѕвездениот атлас „Фирмаментум Собиесцианум“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак рак и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак рак. Во долниот дел е претставена златна слика на рак, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – ЦАНЦЕР, а на левата страна, ознаката Аг925.
На кованата парака „Лав“, на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Лав. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на лав од ѕвездениот атлас „Фирмаментум Собиесцианум“, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак лав и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак лав. Во долниот дел е претставена златна слика на лав, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – ЛЕО, а на десната страна, ознаката Аг925.
На аверсот на парата „Девица“ во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Девица. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на девица од ѕвездениот атлас „Фирмаментум Собиесцианум“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак девица и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак девица. Во долниот дел е претставена златна слика на жена, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – ВИРГО, а на десната страна, ознаката Аг925.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.