Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.
Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице што е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на трудот за време на неговиот живот.
Сличен работен век имаат соседните земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија и во Романија.
Најкраток просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.
Во земјите-членки на Европската Унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска.