Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока 8,4 % во однос на истиот месец лани, поточно за 2.173 денари. Дополнително, во споредба со септември, таа е повисока 1,8 %, или за 494 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето-плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите здравство и социјална заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.
Во согласност со податоците на ДЗС, просечната бруто-плата е 9 % повисока од октомври минатата година, а 2 % повисока од септември годинава. Просечната бруто-плата изнесува 40.344 денари.