Министерството за економија ги известува заинтересираните апликанти дека рокот за аплицирање за објавените јавни повици од Четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од ковид-19 кризата во секторите туризам и угостителство се продолжува до 4 декември годинава.
Се продолжува рокот за аплицирање за следните јавни повици објавени на веб -страницата на Министерството за економија на 16 ноември:
1.Јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти;
2.Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички агенции;
3. Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички водичи;
4. Јавен повик за издавање на грантови за игротеки;
5. Јавен повик за издавање на грантови за ресторани за свадби
Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“. Повеќе детали се достапни на следниот линк.