Сите клиенти што ќе го одберат семејното приватно здравствено осигурување на „Еуролинк“ или ќе го обноват својот договор, „Еуролинк“ во рамки на полисата им нуди и користење на сите превентивни прегледи во вредност до сто евра, со што на клиентите им овозможува современа превентива и ги поттикнува навремено да се грижат за своето здравје. Оваа новина осигурителната компанија ја воведува како дел од својот продукт за приватно семејно здравствено осигурување, кое на семејствата во Македонија им нуди врвна здравствена грижа и лекување во сите приватни здравствени установи по избор на клиентот без ограничување, а со цел да ги стимулира семејствата да ги прават потребните превентивни прегледи кои ќе придонесат за зачувување и подобрување на нивното здравје.
Приватното семејно здравствено осигурување „Еуролинк“ почна да го нуди минатата година и компанијата веќе е препознаена од клентите и семејствата по овој уникатен продукт. Со приватното здравствено осигурување на „Еуролинк“, со една полиса се осигурани сите членови на семејството и можат да ги добијат сите општи и специјалистички прегледи и дијагностика, како и болничко и амбулантно лекување во сите приватни здравствени установи без ограничување и по избор на клентите. Исплатата на трошоците кон болниците за секое болничко лекување се врши директно од страна на „Еуролинк“, едноставно и лесно, а за останатите услуги во приватни здравствени установи клиентите добиваат рефундација за платените услуги и лекови.
Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството основен, комфорт или премиум-пакет за семејно приватно здравствено осигурување, со редовна цена од 1800, 2000 и 3350 денари месечно, соодветно на пакетот, со кој се опфатени сите членови на семејството. Клиентите кои ќе одберат комфорт и премиум-пакет во промотивниот период до 30 јуни оваа година, во рамки на продуктот добиваат 100 евра за користење на кои било превентивни прегледи по избор на клиентот.
– Основната цел на „Еуролинк“ осигурување е да им го подобри квалитетот на животот на граѓаните, а со продуктот семејно приватно здравствено осигурување на семејствата им го нудиме токму тоа – врвно лекување во сите приватни здравствени установи. Уште повеќе, во интерес и на семејствата и на компанијата е тие да се здрави и да се грижат долгорочно за своето здравје, затоа и вложувањето во превентивните прегледи треба дополнително да ја поддржи грижата за сопствено здравје пред да биде потребно лекување, а „Еуролинк“ е единствена осигурителна компанија која им го нуди токму тоа – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“.
Останува достапна и опцијата за покривање на трошоците за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи по избор на клиентите со склучување договор за лојалност на две години за пакетите комфорт или премиум.