Меѓународниот саем РЕНЕКСПО (RENEXPO) првпат во Северна Македонија ги отвора своите врати за деловните лидери, носителите на одлуките, локалните и меѓународните стручњаци за обновлива енергија, управување со водите и управување со цврст отпад, со повеќе од 50 меѓународни и домашни изложувачи. Во текот на следните два дена РЕНЕКСПО, во соработка со релевантните државни агенции и деловни партнери, ќе одржи шест конференции и тркалезни маси во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На пропратните конференции ќе се соберат извонредни предавачи, носители на одлуки, деловни лидери, интернационални стручњаци и производители на техничка опрема.

Саемот свечено ќе го отвори потпретседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев и германскиот амбасадор во државава Томас Герберих.

На конференциите, стручњаци од Северна Македонија, регионот и светот ќе ги представат своите трудови за планираните и спроведени проекти, кои на најдобар начин ги илустрираат најновите случувања и трендови од секторот на Енергетика, Заштита на вода и Управување со отпад.

Темите, тркалезните маси и дискусиите на РЕНЕКСПО саемот се многу релевантни за квалитетот на живот на граѓаните на Северна Македонија, и директно влијаат на економскиот развој на целиот регион. Големо внимание привлекува конференцијата за фотонапонски електрани и соларна енергија. Ќе бидат прикажани најновите технолошки решенија и примери на добра практика, како за големи системи така и за домаќинства и мали и средни претпријатија.

РЕНЕКСПО е регистрирано заштитно име на компанијата „РИКО интернешнл“ (REECO International), која е организатор на саеми, изложби и конференции низ цела Европа. Од 1997 година „РИКО интернешнл“ и „РИКО ГмбХ“ (REECO GmbH) се пионери, чија цел е да го трасираат патот кон снабдувањето со енергија заснована на обновливи извори, да промовираат нови можности за отпад и вода и да ги интегрираат решенијата за енергетската ефикасност.

Саемите РЕНЕКСПО станаа препознатлив бренд на Западен Балкан уште од 2014 година, кога се одржаа првите изложувања во Белград и во Сараево. На нив се претставија релевантните странски компании со своите напредни технологии и се собраа заинтересираните страни да најдат можности за соработка, инвестирање и иновации на овој високопотенцијален пазар. Најзначајни настани на РЕНЕКСПО се конференциите и тркалезната маса на кои владините службеници, креаторите на политиките, членовите на дипломатскиот кор, лидерите во индустријата и инвеститорите ги промовираат своите интереси, ги здружуваат силите во заеднички напори и ги обликуваат идните трендови. Тоа е единствено место каде што можете директно да контактирате со потенцијалните партнери и да пронајдете информации од прва рака. Со широката мрежа соработници во компанијата РИКО, како од регионот, така и од странство, секој саем РЕНЕКСПО е наменет за успех.

Бидејќи ова е првиот саем РЕНЕКСПО во Македонија, многу странски компании се заинтересирани да ги покажат своите технологии и да воспостават партнерства со локалните претпријатија и институции. Исто така, пошироката јавност би била заинтересирана да се информира за можните одржливи решенија за енергетските потреби на Македонија, како и за решенија за заштита на животната средина.
Темите, тркалезните маси и дискусиите на саемите се многу релевантни за квалитетот на животот на граѓаните на Македонија и директно влијаат на економскиот развој на целиот регион.

ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИИТЕ

ВТОРНИК (3 ДЕКЕМВРИ)

Прва конференција за фотоволтаици и соларна енергија

Свечена церемонија на отворањето

Прва конференција за управување со цврст отпад – Од отпад до енергија

Прва конференција за одржливо управување со води и отпадни води

СРЕДА (4 ДЕКЕМВРИ)

Прва меѓународна конференција за биоенергија

Прва меѓународна конференција за хидроенергија