Дводневниот штрајк на екипажот на авиокомпанијата „Луфтханза“ почна утринава, а се очекува да бидат откажани околу 1.300 летови со кои би требало да патуваат 180.000 патници.
Повеќе од 700 летови би требало да бидат откажани денеска, а уште 600 утре. Менаџментот на „Луфтханза“ се обиде да ја оспори законитоста на штрајкот, но судот во Франкфурт вчера донесе одлука дека штрајкот може да се одржи.
Штрајкот е организиран од синдикатот Уфо, кој бара повисоки плати и подобри услови за работа за околу 21.000 стјуарди и стјуардеси.
Откажани се повеќето летови на „Луфтханза“ од Германија, вклучително и голем број интерконтинентални летови од Франкфурт и Минхен.