Започна откупот на вишокот на тутун. За 12 дена на повеќе од 14 пунктови треба да се откупат околу 1,5 милиони килограми тутун.
Најголем дел од количествата што ќе се откупат од тутунарите ќе ги преземе Тутунскиот комбинат Прилеп, изјави денеска во Прилеп министерот за земјоделство Аријанит Хоџа.
Според него тутунот не бил целосно преземен заради протестите на тутунопроизводителите и им порача на тутунарите да не произведуваат повеќе тутун од потпишаните договори со откупувачите.
Од тутунските здруженија, пак, со став дека тутунот не се дооткупил заради лошата откупна политика, што не била во последните 30 години.
Тие очекуват дека вишокот тутун ќе се откупи по реални цени.
Ка.М.