Сертифицирани проверувачи од компанијата ТУВ Норд Есен од Германија извршија редовна годишна надворешна контрола на примената на стандардот за квалитет во менаџментот во АД ЕСМ, ИСО 9001:2015.
Заклучок на тимот проверувачи е дека во АД ЕСМ успешно се применува стандардот и
нема барања за корективни мерки, така што Сертификатот за овој стандард за нашата
компанија продолжува да важи и во наредниот период.
Во текот на процедурата беше извршена контрола на работењето на Тимот задолжен за
примена на стандарди на ниво на АД ЕСМ, како и на подружниците ХЕС Црн Дрим-
Струга и ХЕС Треска-Скопје. Беа прегледани повеќе од 150 различни документи и записи кои ја отсликуваат имплементираноста.