Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Абдулмомен бин Мохаммед Шараф, новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Македонија, со седиште во Тирана.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, заеднички било констатирано дека постои голем потенцијал за развој на економската соработка помеѓу двете држави.
Заев и Шараф разговарале и за можноста за потпишување генерална рамковна спогодба што ќе отвори можност за соработка во повеќе полиња и сектори кои се однесуваат директно на подобрување на животот на граѓаните.
– Низ реформските процеси во нашата држава и политиките на пријателства, дојдовме блиску до нашите стратешки цели, Европската унија и НАТО. Тие, по референдумот ќе отворат големи можности за граѓаните на Македонија и на државата, првенствено на економски план, освен за стабилноста и безбедноста на земјата – истакнал премиерот Заев на средбата.