Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5, 2 и 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2 денари на 69,5 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,5 денари на 72 денари за литар.
Дизелот поскапува за 1,5 денар на 64 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за 1 денар на 53,50 денари за литар.
Мазутот ќе поскапи за 2,393 денари на 34,034 денари за килограм.