Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина односно за еден ипол денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,5 денар за литар, со што новите цени ќе изнесуваат 60 односно 62 денари за литар.
Дизелот ќе поевтини за половина денар на 53 денари за литар.
И Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтини за 0,5 денар на 52,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,37 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 денари за килограм.